Kандидатски статус за ЕУ-награда за Србија? | Балкан | DW | 10.09.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Kандидатски статус за ЕУ-награда за Србија?

Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата за Косово, што ја поднесе Србија во договор со ЕУ. Аналитичарите оценуваат дека ваквиот развој позитивно ќе се одрази врз евроинтегративниот процес на Србија.

default

Како знак на добра волја, поради гестот на Србија која ги прифати измените во текстот на резолуцијата за Косово, може да се очекува земјите од ЕУ да и` доделат статус на кандидат за членство до крајот на годината, оценува за Дојче веле Братислав Грубачиќ, сопственик на дипломатскиот билтен ВИП. Србија и спрските власти се` повеќе сфаќаат дека тешко ќе постигнат нешто, кога станува збор за територијалниот интегритет. Тоа значи дека српските власти прават дипломатски напори околу Косово, но фокусот се` повеќе ќе биде свртен кон ЕУ:

„Мислам дека Србија ќе продолжи со обидите да направи нешто околу Косово, но сега на сите им е апсолутно јасно дека тоа е залудно. Тоа ќе биде повеќе од внатрешно-политички пропаганден карактер, отколку што навистина ќе има тежина и резултат на меѓународен план“, смета Грубачиќ.

Kosovo ist Serbien Graffiti

Голем успех на Србија

Усвојувањето на резолуцијата во ОН е голем надворешно-политички успех на Србија, изјави за Дојче веле професорото Брано Миљуш, соработник на Институтот за меѓународна политика и стопанство. Косовската независност не е призната, а Србија се приближи до ЕУ, смета Миљуш. Резолуцијата, според него, значително ја релаксира состојбата во регионот.

„Србија се определи за мирен пат, со дипломатија и со дипломатски средства да се бори за суверенитетот, но и за членство во ЕУ, кое никогаш не било поблиску. Во конкретната ситуација покажа дека е подготвена за компромиси и дека е подготвена дури и за големи пресврти, за да ја оствари крајната дипломатска цел“, оценува Миљуш.

Внатрешно-непопуларен чекор

Може да се очекува западните земји сега да направат отстапки за Србија во поглед на автономијата и екстериторијалноста на Косово за Србите, вели Бранислав Грубачиќ. Меѓутоа, сосема е сигурно дека српските власти на внатрешен план ќе се соочат со пад на популарноста:

„Мислам дека тоа лошо ќе се одрази врз владејачката гарнитура. Не поради фактот што ја прифатија оваа резолуција, туку затоа што во изминативе неколку години навистина многу манипулираат со јавното мислење, ветувајќи нереални работи: дека Косово ќе остане во Србија и дека нема да поминат некои црвени линии, а никому не му е јасно кои се тие...“

Montage Serbien und Kosovo Symbolbild

Не може да се каже дека проблемот околу Косово сега трајно се сели од ОН во Брисел, наведува професорот Миљуш. Резолуцијата 1244 се’ уште е во сила, но нов момент се средствата со кои Србија би требало да дојде до крајната цел. Таа цел е зачувување на суверенитетот и влез во ЕУ. Србија сега направи само чекор, неопходен за директен дијалог со Приштина, заклучува професорот Миљуш.

Автор: Ивица Петровиќ/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM