Kриминалците најмногу ги боли удар по џебот
13 март 2012Криминалците често ги инвестираат нелегално заработените пари во автомобили. Низ цела Европа. Халите се полни со запленети автомобили. Тоа за европската комесарка за внатрешни работи значи само едно:
„Организираниот криминал се интересира единствено за пари, пари, пари“, вели Сесилија Малмстром.
Овие пари треба да се вратат назад на легалниот пазар. Примери за тоа има многу. Ова некогашно седиште на мафијата, во меѓувреме стана хотел кој го раководи државата. Автомобилите одат на аукции, а парите се слеваат назад во државните каси. Но, досега државата успеваше да си поврати само еден мал дел од капиталот. Новопредложеното законодавство би требало да го реши тој проблем на ниво на ЕУ.
„Предлогот ќе ги поедностави правилата и ќе ги пополни законските дупки кои досега ги користеше организираниот криминал. Предлагаме јасни и едноставни правила за конфискувана стока и кога не е во директна врска со криминалот“, вели Малмстром.
Европската комисија во иднина сака да гони и трети лица, кои посредно профитираат од криминалот. За сето тоа да профункционира, земјите-членки ќе мораат најпрво да го променат националното законодавство.
Автор: Маркус Бониш/БГ
Редактор: Симе Недевски