Јоханес Флорс е најбрз параолимпиец на 100 и 400 метри. Роден е во 1995 година со фибуларна хемимелија, односно без двете коски на потколеницата. На 16 години, тој се одлучил за ампутација на нозете.
„Тоа беше најдобрата одлука што сум ја донесол во животот. Веќе не чувствувам болка, тоа беше најважното. Не сум веќе попречен. Можам да одам на болдеринг, можам да нуркам, да се качувам, планинарам. Можам да го правам сето она што не можев да го направам порано. А протезата изгледа „покул“ од деформираната нога“, вели Јоханес Флорс.
Тој набргу почнал да трча со протезите, претворајќи се во професионалец. Во 2015 година освои злато на 100, 200 и 400 метри, само 4 години откако му биле ампутирани нозете:
„Тоа што можам да го почувствувам ветрот и целото мое тело како се движат симетрично и хармонично, за мене е неверојатно ослободувачко.“
Флорс сака да слуша хеви метал музика. Со споделување на својата приказна инспирира и мотивира други:
„Ако можете да се идентификувате со некој кој нема нозе, слуша метал музика и тоа ве мотивира, тогаш тоа е перфектно!“, вели со насмевка Јоханес Флорс.
Повеќе во видеото!