Холандија: Левичарските либерали слават „историски успех“
1 ноември 2025
Иако официјалниот конечен резултат одизборитевоХоландијасè уште не е достапен, тој има целосна доверба во пресметките објавени од холандската новинска агенција АНП, изјави главниот кандидат на левичарско-либералната партија Д66 Роб Јетен. Според нив, рече тој,Партијата за слободанаГерт Вилдерсповеќе не може да ја стигне Д66.
За прв пат во својата речиси 60-годишна историја, партијата е на пат да победи на парламентарните избори - благодарение на својот популарен главен кандидат Јетен, кој го опиша успехот како „историски настан за Д66“.
„Тоа ме прави горд, но во исто време чувствувам и голема одговорност што сега брзо започнуваме со сондирање со цел да стигнеме до формирање стабилна и амбициозна влада.“
Во потрага по стабилна влада
На 38 години, Јетен би можел да стане најмладиот премиер во историјата на земјата. Но, тој сè уште има долг пат пред себе.
Прво, во наредните денови, неговата партија мора да назначи преговарач кој ќе ја модерира првата фаза од коалициските преговори. Таа фаза треба да започне во вторник.
Јетен ја формулира оваа цел на следниов начин: „Сакам стабилна влада која може да смета на поддршката од двата дома на парламентот. И мислам дека гласачите јасно ставија до знаење дека соработката во политичкиот центар е пораката на овој изборен резултат“.
Надеж за формирање конструктивна коалиција
Заедно со христијанските демократи, алијансата на Зелените и Социјалдемократите и конзервативно-либералната ВВД, Д66 би можела да постигне удобно мнозинство во владата. Сепак, за време на предизборната кампања, ВВД постојано се изјаснуваше против коалиција на левиот центар. Јетен се надева дека ВВД наскоро ќе ги промени своите ставови.
„Викендот е, исто така, добро време партиите да ги анализираат резултатите од изборите и да видат што тоа значи за нивната партија“, рече тој. „И се надеваме дека сите тие конструктивно ќе почнат да звучат во вторник.“
Вилдерс повторно ќе биде во опозиција
Централно-десничарскиот сојуз кој го претпочита ВВД би се потпирал на учеството на десничарската популистичка партија JA21, чии тонови се поумерени, но по содржина блиски до Вилдерс и неговите радикални ставови за азилот и имиграцијата. Роб Јетен во врска со ова рече: „Тоа нема да биде мојата прва фаворизирана коалиција, но ќе назначиме добар преговарач кој ќе разговара со сите партиски лидери, а потоа ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“.
Додека Јетен многу рано коментираше за изборната пресметка на новинската агенција АНП, Вилдерс само кратко се огласи на социјалните мрежи, пишувајќи дека за резултатите одлучува Изборната комисија, а не АНП. Арогантно е да не се чекаат официјалните конечни резултати, оцени Вилдерс. Во иднина, тој повторно ќе ја преземе улогата на лидер на опозицијата, но дури и пред изборите, сите етаблирани партии ја исклучија соработката со него и со ВВД.
Автор: Луджер Казмјерчак, АРД