″Happy Birthday Mr. President″-фустанот на Мерилин продаден за 4,8 милиони долари | Панорама | DW | 18.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

"Happy Birthday Mr. President"-фустанот на Мерилин продаден за 4,8 милиони долари

Свилениот фустан на Мерилин Монро, украсен со 2500 кристали, на аукцијата во Беверли Хилс значително ја надмина проценетата продажна цена од 2,3 милиони долари.

Тесно припиениот светкав фустан, во кој филмската ѕвезда Мерилин Монро во мај 1962 година на тогашниот американски претседател Џон Кенеди му отпеа роденденска песничка за неговиот 45-ти роденден, е продаден на аукција за 4,8 милиони долари. Со тоа свилениот фустан, украсен со 2500 кристали, на аукцијата во Беверли Хилс значително ја надмина проценетата продажна цена од 2,3 милиони долари.

Гледај видео 00:48

4,8 милиони долари за фустанот на Мерилин

Фустанот во боја на кожата на Мерилин Монро ѝ даваше привид дека е гола и претставуваше провокација. Тој беше толку тесен, што под него Мерилин не носеше ништо. Мерилн Монро умре три месеци по легендарниот настап во њујоршкиот Медисон Сквер како последица на преголема доза таблети за спиење.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама