Фустан на Мерилин продаден за 4,8 милиони долари
18 ноември 2016Реклама
Тесно припиениот светкав фустан, во кој филмската ѕвезда Мерилин Монро во мај 1962 година на тогашниот американски претседател Џон Кенеди му отпеа роденденска песничка за неговиот 45-ти роденден, е продаден на аукција за 4,8 милиони долари. Со тоа свилениот фустан, украсен со 2500 кристали, на аукцијата во Беверли Хилс значително ја надмина проценетата продажна цена од 2,3 милиони долари.
Фустанот во боја на кожата на Мерилин Монро ѝ даваше привид дека е гола и претставуваше провокација. Тој беше толку тесен, што под него Мерилин не носеше ништо. Мерилн Монро умре три месеци по легендарниот настап во њујоршкиот Медисон Сквер како последица на преголема доза таблети за спиење.