КриминалГерманија
Германска полиција: Ученик убил ученичка
25 јануари 2024Реклама
Германската полиција претпоставува дека убиството на ученичка во училиште во Санкт Леон-Рот, во близина на Хајделберг, е извршено од 18-годишен ученик, кој беше во бегство, но во меѓувреме е уапсен. Според информациите со кои досега се располага, убиената ученичка и осмничениот убиец најверојатно биле во врска. Други детали за злостортството, кое се случило претпладнево, засега не се соопштуваат. Учениците од училиштето биле евакуирани и добиваат психолошка помош.
Убиството, како што јавува агенцијата ДПА, потсетува на злосторството во Офенбург минатиот ноември, кога 15-годишен ученик застрела свој врсник. Тогаш 15-годишниот убиец влегол во училницата и му пукал во тилот на својот соученик.