Зимата стигна
19 ноември 2022Реклама
Викендов во Германија се очекуваат температури околу нулата и снег, но само во северните делови и на повисоките места ќе има подолготрајна снежна покривка. Оној кој се надева на зимски пејзажи, ќе биде разочаран. Поради благите температури од изминатите недели, почвата во низинските делови е многу топла и снегот брзо се топи.
Во Грција пак е поинаку. Во Атина метеоролозите очекуваат температурите дури и ноќе да не се спуштат под 18 степени Целзиусови. Експертите тоа го објаснуваат и со промената на климата.