1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тони од Киев слави 50-ти роденден

9 август 2024

Тони, единствениот горила во Украина и еден од најстарите во Европа кој живее во заробеништво, за 50. роденден добил банани.

https://p.dw.com/p/4jH9F
Тони, единствениот горила во Украина, во Зоолошката градина во Киев
Тони, единствениот горила во Украина, во Зоолошката градина во КиевФотографија: Gleb Garanich/REUTERS

Горилата Тони има своја лично зелено катче во Зоолошката градина во Киев. 50-годишен горила се смета за исклучително стар, а Тони страда од повеќе болести кои се последица на неговата старост, мора да држи и диета, па посебно се радува на роденденската трпеза. Горилата останал неповреден во масивните руски напади на главниот украински град, од кои не остана поштедена ни Зоолошката градина.