1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свеќи за спас на лозјата од доцниот мраз

23 април 2024

Доцниот мраз и во Швајцарија се заканува да ги оштети овошните култури и лозовите насади. Земјоделците се обидуваат да спасат што можат.

https://p.dw.com/p/4f4Y0
Свеќи за спас на лозјата од мразот, Швајцарија
Свеќи за спас на лозјата од мразот, ШвајцаријаФотографија: Fabrice Coffrini/AFP/Getty Images

Оваа фотографија е направена вчера, на 22 април 2024 година во Фули, западна Швајцарија и покажува запалени свеќи поставени во лозје за да ги загреат растенијата. Тоа е дел од борбата против мразот што ги уништува новопојавените пупки. Со доцниот мраз во големи делови од Европа се зголемува ризикот од оштетување на овошните култури и лозовите насади. Како резултат на климатските промени, зимите стануваат поблаги, а сезоната на растење се продолжува, тврди швајцарската метеоролошка служба Метеоњус.