1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сончеви дамки

26 август 2024

Секако дека сончевите дамки не можеме да ги видиме без силни филтри, а посебно не во Кувајт, каде е направена оваа фотографија.

https://p.dw.com/p/4juD9
Сончеви дамки
Сончеви дамкиФотографија: Yasser Al-Zayyat/AFP

Површината на сонцето е исклучително активна, постојано настануваат и исчезнуваат дамки. Тие се привремени појави на фотосферата на Сонцето и одговараат на концентрацијата на флуксот на магнетно поле. Бројот на сончеви дамки варира во согласност со нерегуларен 11 годишен циклус. Меѓутоа денешната активност на сонцето последен пат била толку висока пред 8000 години. Поради нивната врска со други сончеви активности сончевите дамки се користат за предвидување на вселенско време, состојбата на јоносферата и состојбата на сателитските комуникации.