Природа и животна срединаХоландија
Робот - „доктор“ за лалиња
20 март 2024Реклама
Тео работи на работни денови, на викенди, дури и ноќе и никогаш не се жали на болки во 'рбетот и покрај тоа што од час во час извршува задачи, кои за секој земјоделец би биле неизмерно тешки, проверувајќи ги полињата со холандски лалиња во потрага по болни цвеќиња во Нордвајкерхаут, Холандија. Коцкестиот робот, именуван по поранешен вработен во цветната фарма ВАМ Пенингс во близина на холандскиот брег на Северното Море, е ново високотехнолошко оружје во битката за искоренување на болестите од полињата со лалиња, додека тие цутат во раскошни пролетни бои.