1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаЈужноафриканска Република

Пролетен виолетов раскош

СН/дв
22 октомври 2022

Зимата заврши на јужната хемисфера. Предвесник на пролетта во Јоханесбург се дрвјата на јакаранда, кои имаат цветови во виолетова боја и се вистинска атракција во јужноафриканскиот град.

https://p.dw.com/p/4IXqj
Дрворед во виолетова боја во јужноафриканскиот град Јоханесбург
Дрворед во виолетова боја во јужноафриканскиот град ЈоханесбургФотографија: Michele Spatari/AFP

Додека многу луѓе во Европа вознемирено размислуваат за претстојната зима, таа веќе е завршена на јужната хемисфера. Пролетта настапува со сета своја раскаш. На оваа фотографија  во далечината се гледа жена на утринско џогирање низ предградијата на Јоханесбург, но фокусот е на фасцинантниот дрворед. Во октомври овде јакарандата цвета во виолетова боја и е вистинска атракција. Но, нови садници се забранети во Јужноафриканската Република бидејќи ова растение кое потекнува од Латинска Америка е прилично инвазивно за еко-системот.