ПанорамаФранција
Париски полицајци „под туш“
31 јули 2024Реклама
Високите температури во Франција, која е домаќин на Олимписките игри, ги натераа овие полицајци, задолжени за безбедноста во текот на Олимпијадата, да побараат разладување директно покрај Басен ла Вилет во Париз. Со должина од 8000 метри и широчина од 70 метри Басен ла Вилет е најголемата вештачка водена површина во Париз, која поврзува два канала.
Долж Басен ла Вилет од 6 јули до 8 септември годинава може да се ужива во анимациите на летната манифестација Париз Плаж. Тоа го прави омилено место за парижани.