Небесен спектакл над Лапонија
17 март 2023
Реклама
Викинзите верувале дека оваа поларна светлина на небото е одраз на оклопот на Валкирите додека јаваат предводени од Один.
Научниците, за разлика од легендите и митовите, даваат многу „попрозаични“ објаснувања. Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.