1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголемиот цвет во светот

8 јуни 2024

Титанот меѓу цвеќињата цвета исклучително ретко и само 48 часа долго, затоа не треба да се пропушти вистинскиот момент.

https://p.dw.com/p/4goM0
Најголемиот цвет во светот, титан арум
Најголемиот цвет во светот, титан арум во Бајројт, ГерманијаФотографија: Daniel Löb/dpa/picture alliance

Најголемиот цвет во светот не цвета секоја година, затоа тој е вистинска атракција. Посетителите на Еколошко-ботаничката градина во Бајројт во германската покраина Баварија се одушевени од огромниот цвет на титан арум (Amorphophallus Titanum). Но, сепак не се задржуваат многу покрај него – мирисот кој го испушта е многу непријатен и потсетува на мирис на труло месо. Растението на тој начин привлекува разни врски инсекти за да го опрашат.