КатастрофиКенија
Надојдените води носат сѐ пред себе
26 април 2024Реклама
Во поплавите предизвикани од обилните дождови во Кенија загинале десетици луѓе, билансот е сличен и во Танзанија. Многу патишта и мостови се блокирани, а надојдените буици ги однесле куќите во сиромашните квартови и населби. Во Кенија ситуацијата е најлоша во главниот град Најроби. Танзанискиот премиер Касим Мајалива пак изјави дека од катастрофата се погодени околу 200.000 луѓе. Обилни дождови паѓаат и во региони каде врнежите се вистинска реткост, засегнати се земјоделците, чии полиња се под вода, а стоката се удавила.
Се очекува дождот да продолжи да паѓа и во наредните денови.