1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаШвајцарија

Млазни авиони на автопат

СН/дв
6 јуни 2024

Кој вози многу по автопат, често ќе види гласни, брзи спортски автомобили како „пролетуваат“ покрај него. Но, тие изгледаат „смешно' во споредба со млазни авиони на автопат. Уште побрзи, уште погласни, уште повпечатливи.

https://p.dw.com/p/4giGp
BdTD | Schweiz Avenches | Armeeübung Alpha Uno mit F/A-18 Kampfflugzeugen
Фотографија: Fabrice Coffrini/AFP/Getty Images

Вкупно четири борбени авиони на швајцарската армија од типот Ф/А-18 слетаа на автопатот А1 во Швајцарија меѓу местата Авенш и Паерн во средата (5 мај, 2024). Но, не затоа што го помешаа автопатот со пистата. Акцијата беше дел од вежбата во која пилотите тренираа слетување на автопат доколку не можат да слетаат на аеродроми во случај на војна. Слетувањето е можно, но полнењето гориво на бензиска пумпа не е можно. За тоа мораа да дојдат цистерни.