1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајско дрво

СН/дв
1 мај 2024

Мај е посебен месец во Германија: луѓето и овојпат го дочекаа со танцување и оган, пунч и украсени дрвја.

https://p.dw.com/p/4fNhL
Maibaum in Ostfriesland
Фотографија: Lars Klemmer/dpa

Украсено е со шарени ленти и венци и обично се поставува на централниот плоштад: таканареченото мајско дрво е цврста традиција во многу германски села. Сепак, оваа традиција одамна се пренесе и во градовите и служи како знак на љубов. Момчињата обично го ставаат пред домот на нивните девојки ноќта спроти први мај.