1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Магична јужна поларна светлина

9 октомври 2024

Овој човек во Нов Зеланд ја фотографира аурора аустралис, јужната поларна светлина.

https://p.dw.com/p/4lYm3
Јужна поларна светлина Нов Зеланд
Јужна поларна светлина Нов ЗеландФотографија: Sanka Vidanagama/AFP/Getty Images

Необична глетка, вредна за фотографирање. Овој човек ја здогледал поларната светлина на хоризонтот над езерото Елсмир, на периферијата на Крајстчрч во Нов Зеланд.

Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризирани честички под влијание на магнетното поле на Земјата. На северниот пол таа се нарекува аурора бореалис. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.