Природа и животна срединаЈапонија
Капење во цветно море
4 април 2024Реклама
Цветниот раскош треба да ги израдува пчелите и другите опрашувачи - тоа е планот на природата. Но, расцутените цреши во моментов привлекуваат голем број посетители. Така е деновиве, на пример, во Вашингтон, во Бон и - како на оваа фотографија - во Токио. Во Јапонија уживањето во раскошот на пролетта има долга традиција. Цветот на црешата е симбол на убавина, но и на минливоста. Не е лошо да ги фотографирате додека сѐ уште се тука, како овие двајца млади луѓе во Токио.