1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвено, но не како знак на радост

16 ноември 2022

Оваа жена во текот на климатската конференција КОП27 во Шарм ел Шеик потсетува на исчезнувањето на амазонските шуми, а со нив и просторот во кој живеат автохтоните народи.

https://p.dw.com/p/4JaII
Амазонка на климатската конференција во Египет потсетува на уништувањето на амазонските шуми
Амазонка на климатската конференција во Египет потсетува на уништувањето на амазонските шумиФотографија: Nariman El-Mofty/AP Photo/picture alliance

Лицето е традиционално обоено со црвена боја, на главата стои перјаница. Со тие надворешни обележја на културата на автохтоните народи од регионот на Амазон, оваа жена во египетскиот Шарм ел Шеик, каде моментално се одржува климатската конференција КОП27, потсетува дека амазонските шуми исчезнуваат, а со тоа и животниот простор во кој живеат домородните народи. Илјадници хектари дождовни шуми, наречени „белите дробови на планетата“, се палат и сечат, а скратувањето на неопходната животна средина на автохтоните народи посебно ги погодува жените.