1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Царството на пеликаните

СН/агенции
27 февруари 2024

Илјадници пеликани мигрираат секоја година од САД и од Канада на остров во Мексико, привлечени од потоплото време и дарежливоста на локалното население.

https://p.dw.com/p/4cv7d
BdTD | Mexiko
Фотографија: Enrique Castro/AFP

Островот Петатан, во државата Мичоакан, Мексико, станува дом на дури 20.000 американски бели пеликани во текот на зимата, кога тие патуваат од северот на САД и од јужниот дел на Канада до потоплите води на езерото Чапала во Мексико.

Жителите на рибарскиот остров прават крилестите посетители да се чувствуваат добредојдени. Тие им нудат храна на птиците и ги сметаат за добар знак, надевајќи се дека ќе привлечат повеќе туризам во областа.

Птиците се веќе туристичка атракција и луѓето се собираат на променадата на островот за да ги хранат и да ги гледаат како летаат. Ги полнат рестораните и плаќаат за возење со брод за одблиску да ги видат јатата кои го прифаќаат овој регион како свој дом шест месеци од октомври до април секоја година.