1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авантуризам или лудост?

СН/дв
3 јули 2024

Толку силен ураган никогаш не е забележан на Атлантикот толку рано во годината. Берил пустоши по Карибите, загрозувајќи ги животите на илјадници луѓе, кои побараа спас во засолништа. Но, има и необјасниви исклучоци.

https://p.dw.com/p/4hnTc
Barbados Karibik Hurricane Beryl
Фотографија: Ricardo Mazalan/AP Photo/picture alliance

Овој сурфер на брегот на Барбадос им пркосеше на високите бранови предизвикани од ураганот Берил од највисока - петта категорија. Според зборовите на министерот за внатрешни работи Вилфред Абрахамс, карипскиот остров имал среќа и немало пријавени смртни случаи или повредени во дивеењето на Берил.

Според американската метеоролошка агенција, сезоната на урагани на Атлантикот, која започна дури во јуни, може да биде невообичаено силна годинава. Покрај високите температури на водата, причина е и очекуваната појава на климатскиот феномен „Ла Ниња“, фазата на постудена вода во Пацификот. Климатските промени, исто така, играат улога: глобалното затоплување ја зголемува веројатноста за силни бури.