Европските ски-центри останаа без снег
Кафено наместо бело: во многу европски зимски центри оваа зима нема снег. Скијачките патеки се затворени или претворени во шеталишта. Без снег, нема скијање.
Тесна снежна патека
Панорамата е лична, но времето не баш: во францускиот скијачки центар Кордон, на скијачите им стои на располагање само една тесна снежна патека од вештачки снег. Невообичаено благата зима и недостатокот на снежни врнежи речиси ја уништија скијачката сезона во пониските центри во Швајцарија, Италија и Франција.
Малку снег, повеќе кал
Слична е состојбата и во Швајцарските Алпи, во близина на Ормон-Десу. Овој скијач нема преголем избор за скијање поради рекордно високите температури во овој период од годината.
Горе бело, долу кафено
Масивот на Мон Блан е побелен, но областите во подножјето се целосно без снег. Причина за топлото време се климатските промени предизвикани од човекот. Февруари 2024 речиси сигурно ќе биде најтоплиот откако се мери температурата.
Празни ски-лифтови
Овој ски-лифт во От-Савој во француските северни Алпи зјае празен од почетокот на зимската сезона. Слична беше ситуацијата и минатата зима. Ски-центрите залудно чекаат гости во зима, а налето високите температури ги пресушуваат и планинските езера.
Рекорден недостаток на Пиринеите
Не само на Алпите туристите залудно чекаат снег. Источните Пиринеи се погодени од рекордна суша и недостаток на снег. Оваа патека во францускиот ски-центар Еин Камбр Д’аз постои само благодарение на топовите за вештачки снег.
Пешачење наместо скијање
Се бара поголема фантазија: во францускиот От Валромнеј вообичаено во овој период од годината се скија или борда. Но, недостатокот на снег ги натера овие гости на пешачење. За многу зимски спортови во иднина ќе треба да се смислат нови идеи, за и натаму да се привлекуваат туристи.
Најлошото доаѓа
И на германските скијачки центри им требаат нови концепти. Оваа патека на Фихтелберг во Ерцгебирге е без снег уште од почетокот на јануари. Изгледите за иднината се лоши: Научниците се сигурни дека во повеќето европски центри во иднина ќе има се помалку снег поради климатските промени.
Панорамата е лична, но времето не баш. Невообичаено благата зима и недостатокот на снежни врнежи речиси ја уништија скијачката сезона во пониските центри во Швајцарија, Италија и Франција.