Финска: Едно убиено и две ранети деца во напад во училиште
2 април 2024Во финско основно училиште денеска утрото дошло до пукање, при што се ранети три 12-годишни деца, од кои едното кратко потоа починало од здобиените рани. Полицијата која добила повик за помош од училиштето го уапсила напаѓачот, кој исто така е 12-годишен и ученик во училиштето. При приведувањето од страна на полицијата тој не пружил отпор, а кај него било пронајдено оружје.
Полицијата целосно ги блокирала пристапите до училиштето во квартот Вантаа, во кое настава посетуваат околу 800 ученици. Градот Ванта се наоѓа во јужна Финска, покрај Хелсинки и со околу 200.000 жители е четврт по големина во земјата.
Финскиот премисер Петери Орпо на платформата Х изрази шокираност од настанот, истакнувајќи дека во тешките моменти неговите мисли се со жртвите, нивните роднини, учениците и вработените во училиштето.