1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Eдинството пред реформите

4 јули 2011

Со дведецениско присуство на активната политичка сцена Бранко Црвенковски е единствениот од регионот кој преживеа два изборни порази. Тој се’ уште е неприкосновен обединител на разединетитот и фракционерски поделен СДСМ.

https://p.dw.com/p/11oPs
Leader der SDSM Branko Crvenkovski nach der Wahlniederlage (Aufnahmedatum 06.60.2011, in Skopje)***Alle Photos sind von der Agentur MIA (Rechte mit DW vertraglich geregelt)
Останува на лидерската позиција: Бранко ЦрвенковскиФотографија: Agentur MIA

По четвртиот едно по друго пораз на изборите во трката со ВМРО-ДПМНЕ, само Бранко Црвенковски се реши да излезе од едномесечната внатрепартиската матрица, според која поразот на парламентарните избори се третира како победа. Признавајќи дека „на овие избори не победивме, туку доживеавме пораз“, Црвенковски меѓутоа не се одважи да го исполни предизборното ветување дадено на ТВ Алсат: „Точно е, ако на парламентарните избори изгубиме, ќе се повлечам од партиското водство и активната политика“. Со тоа е прекршено веќе усвоеното етичко правило – по поразот лидерот на СДСМ заминува, како што тоа го направија предходниците на Црвековски, Владо Бучковски и Радмила Шекеринска.

Ваков СДСМ му погодува на ВМРО

„Реформирањето на СДСМ е далеку од вистински промени, а по доаѓањето на Црвенковски некој можеби и се надевал на реформи. Тоа било само блеф, што пак најмногу му одговара на ВМРО-ДПМНЕ кој што направи длабоки трансформации“, коментира за ДВ универзитетскиот професор Јован Кекеновски, кој уште оценува дека на Груевски му одговара да го има Црвенковски за противник, зашто има дежурен виновник за еден долг транзициски период.

Leader der größten opositionelen Partei in Mazedonien, SDSM, Branko Crvenkovski wählt (Aufnahmedatum 05.06.2011, in Skopje)
Очекуваше победа на изборите: Црвенковски го дава гласотФотографија: MIA

Македонската опозиција е пред самопроверка – зошто и зајакната, четврти пат едно по друго, губи избори од владечките сили на ВМРО-ДПМНЕ? Политикологот Владимир Божиновски објаснува дека на „владеечката партија трансформацијата и се случи 2003 година и на тогашниот млад лидер Груевски му требаше најмалку три години за да го донесе ВМРО-ДПМНЕ повторно на власт. Доколку сега СДСМ го започне внатрепартиското реформирање може да очекува оптимистички резултати на следните парламентарни избори“.

Неопходна сериозна анализа

Сопартијците и натаму му веруваат на Црвенковски, реизбирајќи го акламативно и покрај тоа што во подмладениот партиски врв на СДСМ, токму неговите кадри, биле критички расположони кон старите и препознатливи модели на идолопоклонство кон лидерот. Во време пред партискиот отчетен конгрес Владо Бучковски беше еден од ретките јавни критичари на резултатот и потребата од „сериозна анализа за причините на изборниот пораз на вонредните парламентарни избори“. Бучковски беше екс-премиер и лидер на СДСМ, кој на таа функција дојде откако Црвенковски пет години беше шеф на државата од 2004 година.

„СДСМ и покрај големите промени во кадровскиот потенцијал на новото раководство се’ уште не започнал процес на сопствено ребрендирање. Тој сега треба да реши – дали ќе оди по пат на единство по секоја цена или ќе развива внатрепартиска демократска битка“, вели за ДВ Петар Арсовски политчки аналитичар. Тој смета дека во Македонија нема цврста идеолошка матрица на власта или опозиција, таа е мртва кога сите стремат кон ЕУ и НАТО. Доаѓа период кога гласачите избираат не по понудените платформи, туку по решителноста тие да се реализираат и дадат резултат прифатлив за граѓаните“.

Mazedonien Wahlkampagne Parlamenstwahlen, SDSM, Skopje,15.05.2011, MIA (SDSM Wahlkampagne, Parlamentswahlen, Wahlen Mazedonien)
Каде се помладите кадри? Црвенковски со Шекеринска и Заев на изборен митингФотографија: MIA

Елитистички концепт?

Нови кадри и лидери не се формираат преку ден, а СДСМ ќе мора да го пронајде и разбирливиот говор на масите, моделот на контакти со нив, напуштајќи го елитистичкиот партизам, оцени Алберт Муслиу аналитичар од невладиниот сектор.

„Лидерот на опозицијата се профилира како политичар кој ја влече партијата. Црвенковски ќе успее да ги држи обединети сите струи и нема да му се појават фракции. Тие нема да се решат дополнително да го збунат своето членство со нови внатрепартиски фракции“.

Последните вонредни парламентарни избори ги иницираше токму СДСМ на чело со Црвенковски и по нив македонската опозиција има респектабилен пратенички состав што „покажа заби“ уште на конститутивната седница на Парламентот и изборот на старо-новиот спикер.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Горан Чутаноски