Нови Пазар е победник на овогодишниот српски конкурс за избор на „Исклучителна дестинација во Европа“. Регионот е мал, но полн со културно-историски споменици од различни периоди. #dw_BalkanBooster тимот разговараше со единствениот лиценциран туристички водич во Нови Пазар, кој е уверен дека во сферата на туризмот може да се направи многу повеќе со подобрување на инфраструктурата и инвестиции.