1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До крајот на годинава човештвото живее на кредит

СН/агенции
28 јули 2022

Светското население до денеска математички ги потрошило расположливите природни ресурси за оваа година. Шумите, водните тела и полињата страдаат како резултат на тоа, но и идните генерации.

https://p.dw.com/p/4EmLf
Профит на сметка на природата: Фабрика за дрва во Бразил
Профит на сметка на природата: Фабрика за дрва во БразилФотографија: Marcelo Sayao/dpa/picture alliance

Според пресметките на експертите за заштита на животната средина, човештвото заклучно со денешниот ден ги потрошило сите природни ресурси, кои му се всушност достапни и кои планетата може да ги произведе  за една година и со тоа влезе во „еколошкиот долг“, два дена порано од минатата година.

Денот на надминување на ресурсите на Земјата од раните 1970-ти се одбележува се порано, со исклучок на 2020 година кога падна на 22 август поради помалото исцрпување на ресурсите поради пандемијата.

Светската еколошка организација Глобал футпринт нетворк, која го пресметува тој датум секоја година, соопшти дека за обнова на сѐ што му е потребно на човешвтото од природата че биде потребен биокапацитетот од 1,75 на планетата Земја.

Три милијарди луѓе живеат во земји кои произведуваат помалку храна отколку што консумираат и остваруваат пома приход од светскиот просек, се вели во извештајот.

Исто така, 72 отсто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитетот.

Во соопштението се наведува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзи климатски промени.

Повеќе: ВВФ: Човештвото немилосрдно ги исцрпува ресурсите

Фактот дека пречекорувањето на ресурсите трае веќе 50 години значи дека вкупните годишни дефицити создадоа долг кон природата еднаков на 19 години планетарна регенерација.

„Резултатот е широко распространета деградација на екосистемите и атмосфера исполнета со гасови кои го создаваат ефектот на стаклена градина“, се наведува во соопштението.

Се додава дека ако човештвото го одложува Денот на надминување на ресурсите за шест дена секоја година, до 2050 година ќе има доволно ресурси на една планета за потребните жители на Земјата и да се исполни целта за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови. , Денот на надминување ќе треба да се пресели за 10 дена.