1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаШвајцарија

Давос - многу повеќе од средба на светската елита

Мануела Каспер-Клериџ
16 јануари 2024

За некои Давос е непотребен самит на глобалната елита, за други важен форум за дебати. Разговаравме со тројца учесници на Светскиот економски форум кои не се глобално познати лидери, но „туркаат” важни проекти.

https://p.dw.com/p/4bJK5
Годинешниот Светски економски форум започна вчера , 15 јануари 2024 во Давос
Годинешниот Светски економски форум започна вчера , 15 јануари 2024 во ДавосФотографија: Gian Ehrenzeller/Keystone/dpa/picture alliance

Планините во Давос блескаат покриени со снег. Надвор се минус пет степени. Џералд Абила стаса пред неколку часа во Швајцарија, во куферот носи три блузи и топла долна облека. Му рекле дека на Светскиот економски форум знае да биде и многу ладно. Адвокатот од Уганда на истокот на Африка, седи во хотелот и разговара со нас за својата голема цел - правниот систем да го направи достапен за секого. „Многу луѓе во мојата земја не знаат ниту за закони, ниту пак нешто за нашиот правен систем кој всушност би требало да ги поддржува токму нив”, вели Абила.

Виртуелниот правник Вини

Абила со својот тим работи на развојот на Вини, виртуелен правник кој работи со помош на вештачка интелигенција. Вини во рок од 24 часа одговара на правни прашања. Тоа може да бидат прашања пиврзани со наследство, сообраќајна несреќа или нешто друго. Тој бесплатен сервис во Уганда до сега го користеле околу милион луѓе.

Абила до сег жа за својата компанија „Берфутлоу” добивал финансиска поддршка од некои фондации. Тој сака да покрене промени. „Постојат толку многу прашања поврзани за законите, но постои и огромен јаз меѓу луѓето и правниот систем”, вели тој.

Бесплатен правен совет за сите: тоа е она што Џералд Абила би сакал да го понуди во неговата земја Уганда
Бесплатен правен совет за сите: тоа е она што Џералд Абила би сакал да го понуди во неговата земја УгандаФотографија: BarefootLaw

Правото мора да им биде на располагање на сите, уверен е адвокатот. Во неговата фирма правници и програмери заедно работат на „тренирање” на вештачката интелигенција за во пракса на сите да им овозможат пристап до правниот систем. Притоа се користи „Chat GPT“ и уште една програма која се базира на препознавање на гласот и која е во состојба д обработи податоци во рок од само неколку секунди.

„Вештачката интелигенција има неверојатен потенцијал потребен за промени. Тоа е од прилика исто толку голем потенцијал како своевремено пронајдокот на техниката за печатење“, уверен е Абила. Целта на компанијата „Берфутлоу” е до 2030та година да има 50 милиони корисници во Африка, пред сѐ луѓето кои не живеат во големите градови. Во руралните предели е тешко да се најде адвокат. Во Давос Абила ќе биде одликуван од страна на фондацијата Шваб како „социјален иноватор”. Затоа е и повикан да учествува на овогодинешниот Форум. Покрај тоа, тој во Давос сака да дознае уште многу нешта за вештачката интелигенција.

Состанок на елитите

На Светскиот економски форум годинава учествуваат 2.800 лица, меѓу кои и шефови на големи софтверски компании, бројни лидери од светот на бизнисот и повеќе од 60 шефови на држави и влади. Абила не припаѓа ни на политичката, ни на економската елита. Сепак, драго му е што учествува затоа што ќе може да сретне луѓе со кои одамна сакал да поразговара.

Но, Дења Пастушек на пример критички гледа на Давос и Форумот. „Нашите економски системи се организирани на начин што не функционираат ниту за сиромашните, ниту во полза на нашата планета”, нагласува Американката која е една од шефовите на институтот „Тамарак” од канадската покраина Онтарио.

Дења Пастушев работи на намалување на сиромаштијата
Дења Пастушев работи на намалување на сиромаштијатаФотографија: Rana Nemat Allah/Tamarack Institute

Нејзина цел е борбата против сиромаштијата, а за тоа се често потребни локални решенија. Институтот школува и поврзува луѓе кои може да учат едни од други и заеднички да развиваат решенија. Тоа често се луѓе кои живеат во зафрлени краишта.

„Што економските лидери или политичари мислат за локалните решенија?“ - Пастушек се надева дека во Давос ќе добие одговор на тоа прашање. Таа на Форумот сака да ги претстави нејзините проекти и да поттикне дебата. „Светот се наоѓа на раскрсница“, вели таа. „И со тоа треба сите да се позанимаваат”, додава таа.

Развој на соларни модули

Си Лија се надева дека во Давос ќе успее да привлече внимание и сака да се сретне со Бил Гејтс. Кинесинката во Пвајцарија стасала од економската метропола Шенжен на југот на Кина и прв пат учествува на Светскиот економски форум. И таа ќе биде одликувана како „социјален претприемач” што е награда зад која исто така стои фондацијата Шваб. Како тинејџер таа морала да го напушти средното училиште, родителите ù биле сиромашни селани и не можеле веќа да ја плаќаат школарината.

Работела на многу места и имала амбиција да се „извлече” од сиромаштијата. Си Лија сакала да помага на други луѓе и успеала во тоа.

Си Лија би сакала да се сретне со Бил Гејтс во Давос
Си Лија би сакала да се сретне со Бил Гејтс во ДавосФотографија: Shenzhen Power-Solution

Од сопствено искуство знаела дека посебно во руралните предели често нема доволно струја. Со својата заштеда ја основала првата нејзина фирма „Шенжен пауер солушн”. Првите три години биле многу тешки, но потоа успеала во намерата да произведува мали и поволни по цена соларни модули.

„Предизвикот е во тоа да мораат да бидат со достапни цени, а не сакав тоа да биде нешто со лош квалитет”, нагласува таа. Денес Си Лија има околу 160 вработени. Нејзините соларни лампи внесуваат светлост во околу седум милиони домаќинства - во Кина, Индија и Африка. Токму затоа сака да поразговара со Бил Гејтс. „Сакам да му кажам дека го имам решението кое го бара”, вели со насмевка. На списокот на нејзините желби за средби во Давос е и името на еден голем производител на батерии. Нејзиното учество на Форумот го оценува како голема шанса. “За мене ива е добра реклама. Притоа Светскиот економски форум ме поддржува и ми ја засилува позицијата”, вели таа.

DW Kommentatorenbild Manuela Kasper-Claridge
Мануела Каспер-Клериџ Главна уредничка на Дојче Веле@ManuelaKC
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема