1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали сакате да работите како возач на камион во Германија?

Кристина Бекер
12 март 2024

Сакате со возење да заработувате за живот? Тогаш, дојдете во Германија. Тука има околу 100.000 отворени работни места за возачи на камиони. Еве што треба да знаете:

https://p.dw.com/p/4dPlS

Добрата вест е: Не ви треба долгогодишна професионална обука за да бидете камионџија во Германија!

Но, постојат две барања:

1. Возачка дозвола за камион - логично, нели? Но, дозвола која е издадена од земја членка на ЕУ или ЕЕА.

2. Потоа мора да поминете дополнителен тест: ЕУ или ЕЕА основна квалификација за комерцијална употреба. Нема потреба од обука. Дали ви треба повеќе обука зависи од Вашето знаење за работи како што се: безбедност на патиштата, безбедност на товар, прописи за здравје и безбедност.

Ако не исполнувате ниту еден услов, не се откажувајте! Сè уште можете да добиете виза за да дојдете во Германија и да барате работа како возач на камион. Тогаш ќе ви требаат:

· Возачка дозвола издадена во Вашата татковина. Во рок од шест месеци од вашето пристигнување во Германија, ќе треба да ја замените Вашата странска возачка дозвола за германска.

· Работодавач кој Ви гарантира работа како возач на камион и Ви дава можност да ја постигнете потребната Основна квалификација во рок од 15 месеци. Во овој период сè уште не можете да работите како камионџија, но работодавачот би Ви дал друга работа.

· Познавање на германски јазик (најмалку Б-ниво), бидејќи би го полагале тестот за основна квалификација на германски јазик.

Во Германија, просечниот возач на камион, според податоци на Сојузниот завод за статистика, заработува околу 2700 евра бруто месечно, или приближно 1870 евра нето.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема