Бангладеш: Идниот премиер Јунус со апел за смиреност
7 август 2024Мухамед Јунус во средата објави изјава со обраќање до народот на Бангладеш додека тој се подготвува да стане привремен премиер на земјата.
„Одлучно апелирам до сите да останат смирени. Ве молиме воздржете се од секаков вид насилство“, рече нобеловецот и пионер за микрофинансирањето.
„Бидете мирни и подгответе се да ја изградите земјата. Ако тргнеме по патот на насилството сè ќе биде уништено“, додаде Јунис, пораќувајќи:
„Им честитам на храбрите студенти кои го презедоа водството во овозможувањето на нашиот Втор Ден на победата и на луѓето кои им пружија целосна поддршка“, додаде тој.
Заклетвата на Јунус се очекува во четврток
Јунус (84) се очекува да се врати во главниот град Дака од Европа во четврток, откако одговори на повикот на студентите демонстранти да ја предводи преодната влада на Бангладеш.
Војската соопшти дека тој ќе положи заклетва како привремен премиер во четврток.
Јунус „е многу желен да го стори тоа“, рече првиот човек на армијата Вакер-Уз-Заман. „Сигурен сум дека тој ќе може да не поведе низ убав демократски процес и дека ќе имаме корист од тоа“.
Бангладеш е без раководство откако неговата се поавторитаристичка премиерка Шеик Хасина поднесе оставка и побегна во Индија во понеделникот.
Хасина поднесе оставка по неколкунеделните насилни протести против нејзиното владеење, особено, системот на квоти за владини работни места што им беше од корист на елитите во земјата.