1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиБангладеш

Бангладеш: Десетици загинати во пожар во трговски центар

СН/агенции
1 март 2024

Најмалку 44 лица загинаа во пожар во шесткатен трговски центар во главниот град на Бангладеш. Во пожарот во текот на ноќта беа повредени и десетици други лица.

https://p.dw.com/p/4d3Zp
Десетици пожарникари и волонтери го гаснеа ноќниот пожар во Дака
Десетици пожарникари и волонтери го гаснеа ноќниот пожар во ДакаФотографија: Mohammad Ponir Hossain/REUTERS

Најмалку 44 лица загинаа, а десетици се повредени во пожар кој синоќа уништи повеќекатен трговски центар во Дака, главниот град на Бангладеш. Портпаролот на противпожарната бригада вечерта изјави дека жртвите биле претежно гости во ресторан, а повеќето од нив им подлегнале на тешките повреди во болница.

Министерката за здравство Саманта Лал Сен, по посетата на болницата во Дака и друга здравствена установа специјализирана за изгореници, каде што помош добија 40 лица, рече дека уште 22 лица кои се спасени од пламените јазици се во критична состојба.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека пожарот избувнал во популарен ресторан и брзо се проширил на горните катови. Според соопштението на противпожарната служба, спасени се вкупно 75 лица. 

Од опожарената зграда се спасени околу 75 луѓе
Од опожарената зграда се спасени околу 75 луѓеФотографија: Mohammad Ponir Hossain/REUTERS

Причината за пожарот сѐ уште е нејасна

Бидејќи пламенот и чадот брзо се ширеле, според зборовите пожарникарите претставници, зградата наречена Зелена пријатна куќа станала смртна замка за многу купувачи и гости на ресторанот. Некои успеале да се спуштат по водоводната цевка од надворешната страна на зградата и едвај се спасиле.

Според информациите, пожарот бил изгаснат по три часа, а причината за пожарот, кој избувнал во вечерните часови, сѐ уште е нејасна. Шефот на полицијата најави истрага.

Пожарите во станбени згради и индустриски комплекси во Бангладеш не се невообичаени поради слабото спроведување на безбедносните прописи.