1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Автомобил влета во луѓе во центарот на Лајпциг

ЕМФ | агенции
4 мај 2026

Во центарот на Лајпциг, автомобил влета во повеќе луѓе. Најмалку едно лице загина, а повеќе се тешко повредени, соопшти полицијата.

https://p.dw.com/p/5DGmf
Германија – Лајпциг 2026 | Автомобил влета во група луѓе
Возачот е приведен и во моментов од него не произлегува никаква опасност, соопшти полицијатаФотографија: Sebastian Willnow/dpa/picture alliance

Најмалку едно лице загина, а повеќе се тешко повредени откако автомлбил влета во луѓе во центарот на градот Лајпциг, во Германија. Според информациите на полицијата објавени на платформата X, возачот е приведен и во моментов од него не произлегува никаква опасност. 

Портпарол на полицијата изјави дека станува збор за „динамична ситуација“. На почетокот не беа познати подетални информации за точниот тек на настаните и за позадината на случајот. Полицијата зборуваше за „животно загрозувачка оперативна состојба“. Што точно значи тоа во конкретниот случај, портпарол на полицијата не прецизираше.

Очевидци зборуваат за голема брзина на возилото

Репортер на телевизијата МДР извести дека автгомобилот има лајпцишки регистерски таблички. Според очевидци, тој се движел со брзина од околу 70-80 километри на час. 

Весникот „Билд“, без да именува извори, информира дека при апсењето на возачот тој наводно покажал знаци на психолошка нестабилност.