1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеАвстралија

Австралија: Потрага по загубената радиоактивна капсула

БГ /АП
30 јануари 2023

Високо радиоактивна капсула испаднала од камион додека била превезувана низ Западна Австралија. Сега властите бараат помош од сите страни за нејзино пронаоѓање и ги предупредуваат граѓаните да не и се доближуваат.

https://p.dw.com/p/4Ms7O
Австралија
Потрага по радиоактивната капсула во АвстралијаФотографија: Evan Collis/DEPARTMENT OF FIRE AND EMERGENCY SERVICES/dpa/picture alliance

Рударската компанија „Рио Тинто“ во понеделникот се извини што ја загубила високо радиоактивната капсула некаде на 1.400 километарскиот пат низ регионот Западна Австралија. Властите во паника го пребаруваат целиот регион во потрага по малата, но опасна супстанца.

Капсулата била дел од уред за кој се верува дека испаднал од камионот додека се превезувал од рудникот на компанијата до градот Перт на 10 јануари. Камионот пристигнал во магацинот во Перт на 16 јануари. Безбедносните служби биле информирани дека капсулата исчезнала на 25 јануари. 

Австралија
Потрага по радиоактивната капсула во АвстралијаФотографија: Evan Collis/DEPARTMENT OF FIRE AND EMERGENCY SERVICES/dpa/picture alliance

Безбедносните служби на Западна Австралија ги повикаа другите австралиски држави и сојузната влада да помогнат во пронаоѓањето на капсулата. Капсулата е со големина од 8 на 6 милиметри, а испратено е предупредување и до граѓаните дека таа би можела да се заглави во гумите на нивните автомобили. 

Огромна радијација 

Капсулата содржи цезиум 137, кој најчесто се користи во мерачите за зрачење, емитува опасни емисии на радијација, рамни на добивање 10 рентгенски прегледи за еден час. Може да предизвика изгореници на кожата, а подолга изложеност може да предизвика и рак.

Регионалниот министер за здравство Ендрју Робертсон ги предупреди граѓаните доколку ја забележат капсулата, да стојат на најмалку пет метри оддалеченост од неа. 

Австралиските власти ги информираа граѓаните и како изгледа капсулата: 

Првиот човек на „Рио Тинто“, Сајмон Трот се извини поради инцидентот.

„Сметаме дека е ова многу сериозно и се извинуваме поради паниката која се предизвика во Западна Австралија. Освен поддршката за истрагата, отвориме и наша истрага за да дознаеме како се загубила капсулата“, рече Трот. 

Потрагата сега опфаќа скенирање за радијација на целата рута од околу 1,400 километри, која ја користел камионот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема