1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се вратат ли ограничувањата за македонските работници?

18 јули 2019

Во 2016 и 2017 година, во рамките на ткн. Западнобалканско правило, над 44 илјади луѓе од земјите од регионот добиле работна виза во Германија. сега ќе се анализира дали правилото е корисно. ЦДУ е незадоволна

https://p.dw.com/p/3MF17
Polnischer Bauarbeiter auf Baustelle in Deutschland Einwanderung Zuwanderung Einwanderer Lohndumping
Фотографија: picture-alliance/dpa

Владејачката ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел е незадоволна од ткн. Западнобалканско правило со кое на работниците од овој регион им се овозможи полесен пристап до пазарот на труд во Германија. Незадоволството се должи на големиот број нискоквалификувани и неквалификувани работници кои доаѓаат во земјата.

Правилото им овозможува на над 20 илјади работници годишно од земјите од Западниот Балкан да добијат полесен пристап во земјата и да работат каде сакаат. Олеснувањето беше воведено во 2015 година од тогашната министерка за труд и социјала Андреа Налес, на период од пет години, а имаше за цел да и се помогне на германската економија да ги пополни големиот број празни работни места, но и да им овозможи полесна процедура на работниците од шесте западнобалкански држави: Северна Македонија, Албанија, Косово, БиХ, Србија и Црна Гора. 

Младите трајно го напуштаат Балканот

Незадоволство во ЦДУ

Доколку правилото се укине, тоа би претставувало голем проблем за илјадници македонски работници кои секоја година, благодарение на олеснетите процедури, успеваат да најдат работа во Германија.

„Преку западнобалканското правило во последните години во најголем дел дојдоа неквалификувани и ниско квалификувани работници во Германија“, вели заменик-шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот Торстен Фрај за Велт. Тој објаснува дека Германија и онака има голема невработеност во делот од населението со такви квалификации.

Фрај предупредува дека неговата партија ќе предложи продолжување на правилото за земјите од Западниот Балкан само доколку „со евалуација се приложат доволно аргументи“.

„Не сакаме преку ова правило да си направиме нов проблем со гастербајтерите поради недоволните барања за квалификации или познавања на јазикот“.

Qualifizierung Zuwanderung Deutschland Arbeitsmarkt
Германија има голем недостаток на градежни работници, велат од браншата. Фотографија: dapd

Евалуацијата која ја споменува Фрај треба да биде изработена до крајот на годинава од страна на Институтот за истражување на пазарот на труд на барање на германското Министерство за труд и социјала. Во пресрет на истекувањето на петте години од важењето на правилото, анализата треба да покаже какви ефекти имало тоа врз германската економија и дали треба да се продолжи, пишува Велт

Критики за германските власти

Но, за разлика од отпорот во ЦДУ, останатите партии и претставниците на економијата се залагаат за продолжување на правилото, оценувајќи го позитивно.

„Западнобалканското правило мора да биде продолжено. Тоа е од огромна помош за пополнување на празните работни места во градежништвото. Тоа правило за нас е поважно од законот за доселување“, вели Рајнхарт Кваст, претседател на националното здружение на градежната индустрија.

Во 1990-те години во Германија активни биле околу 1,5 милиони градежни работници. Денес има само околу 800 илјади. Кваст вели дека градежната индустрија се соочува со огромен недостаток на работници во оваа бранша.

Bundesamt für Migration und Flüchtlinge
Редовите пред амбасадите мора да се намалат, предупредуваат од партиите на Зелените и ЛибералитеФотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Другата страна на медалот која предизвикува проблеми во реализацијата на правилото, а која ја критикуваат повеќе германски партии, е бавноста на германските амбасади и властите во Германија во издавањето на работните визи. Во некои амбасади, како на пример во Сараево, за термин за работна виза се чека и до 1,5 година.

„Покрај недоволните капацитети на надлежните власти, дополнителен проблем е бавната и комплексна процедура за признавање на квалификациите на работниците“, вели за Велт, Филиз Полат од партијата на Зелените. „Времето на чекање мора под итно да се скрати“, бара Полат.

И Либералите бараат поефикасно издавање на дозволите за работа.
„Ни работниците, ниту работодавачите немаат сигурност во планирањето. Затоа правилото е во лер“, оценува Штефан Томае, пратеник на Либералите во Бундестагот.

Дали правилото за западно-балканските работници ќе биде продолжено и по 2020, ќе се знае веројатно до крајот на годинава. Она што во секој случај се оценува како позитивно во германската јавност е фактот дека благодарение на него е драматично намален бројот на баратели на азил.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема