1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поштарка кајче веслаше

Клаудија Ласчак
17 јули 2019

Таа годишно минува преку 1000 километри со чамецот со кој им доставува пошта на жителите на германскиот мочуришен регион Шпревалд. Поштенското кајче за многумина таму е суштествена услуга.

https://p.dw.com/p/3MBwg
BdT Start der Postzustellung mit dem Kahn im Spreewald
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Онаму каде нема патишта поштата се доставува со чамец, од страна на единствената поштарка на чамец во Германија. „Чамецот е тука околу 122 години, тој е составен дел од Шпревалд“, вели поштарката Андреа Бунар.  Чамецот се разбира е атракција за туристите. Меѓутоа за жителите во источно германскиот регион Шпревалд тој е суштествена услуга. Во селото Лехде, имено, до 65 домаќинства може да се стигне само преку вода.

Поштенско кајче

„Кога е ветровито времето, ние сме надвор, на дожд, на лапавица, на град. Сè е надвор“ , истакнува Бунар.

Таа испорачува 600 писма и околу 70 пакети неделно. Поштенското кајче нема мотор, бидејќи во мочуришната област Шпревалд се забранети моторни чамци. Затоа поштарката единствено користи весло и се разбира силата на мускулите.  Таа минува над 8 километри дневно и повеќе од 1000 километри секоја година. Ваквото доставување на поштата заштедува 350 килограми CO2 по сезона. Во секој случај еколошки - но предизвикува болка во мускулите!