1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Пчеличката Маја на поле во Баварија

ЕМФ
10 јули 2019

Пчеличката Маја и нејзиниот другар Вили сега се основа за лавиринт на едно поле во Баварија.

https://p.dw.com/p/3LpcD
BdTD | Deutschland  | Biene Maja-Labyrinth
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Земјоделците Корине и Ули Ернст во Утинг, заедно со дваесетчлен тим успеаја да направат лавиринт со ликовите на инсектите од омилениот цртан филм. За таа цел на крајот на април посеаја мешавина од сончоглед, пченка, канабис, див слез, тикви, грав, дива винова лоза и хмељ. Подоцна мотивот беше прецизно корегиран со помош на ГПС-техника од страна на студенти на Високата школа во Минхен. Лавиринтот ќе биде отворен за посетители од 16 јули до крајот на септември.