1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Скопје го пречекува папата

СН/ агенции
7 мај 2019

Папата Франциско утрината пристигна на скопскиот аеродром каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

https://p.dw.com/p/3I3NS
Nordmazedonien | Papst Franziskus auf Balkanreise
Фотографија: Reuters/M. Djurica

По официјалниот пречек, поглаварот на Римокатоличката црква во претседателската резиденција Вила Водно на официјална цеременија ќе има побраќање пред претставници на македонскиот државен врв, граѓанските организации и дипломатскиот кор. Планирана е и средба на папата со верските лидери во Спомен куќата на Мајка Тереза. Кулминација на посетата треба да биде Светата литургија со папата на плоштадот Македонија, кој за таа цел, впрочем како и целата македонска престолнина, беше „разубавен“. Ова е прва и воедно историска посета на еден папа на Северна Македонија. За папата Франциско пак ова е 42. земја која ја посетува откако во 2013 година беше востоличен за поглавар на Римокатоличката црква.