9. Мај: Путин повика на меѓународно обединување | Свет | DW | 09.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

9. Мај: Путин повика на меѓународно обединување

Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето на Црвениот плоштад во Москва денеска порача дека ужасите на Втората светска војна ја демонстрираат потребата од соработка на земјите за да се избегне војна

Русија традиционално ја одбележува победата над нацистичка Германија во 1945 година секој 9 мај со воена парада во Москва.
„Оваа монструозна трагедија не беше спречена најмногу поради премолчувањето на криминалната идеологија на расната супериорност и поради недостигот на единство меѓу водечките светски нации“, порача Путин.
„За ефективна борба против тероризмот, екстремизмот, нео-нацизмот и другите закани, неопходна е консолидација на целата меѓународна заедница“.

Советскиот сојуз загуби 26 милиони луѓе во војната, вклучително и 8 милиони војници, а огромното страдање му дава на Денот на победата над фашизмот статус на најзначаен секуларен празник во Русија.

Густите облаци годинава го спречија традионалното големо финале на парадата- надлетувањето на воените авиони.
Околу 10 илјади војници учествуваа во централната парада на Црвениот плоштад во Москва, а слични манифестации се одржаа и во други руски градови, како и во Крим.
Премиера во јавноста на годинешната парада имаа новите мобилни ракети земја-воздух од типот Тор и Панцир.

Гледај видео 02:02

Русија со воена парада го одбележа Денот на победата над фашизмот

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама