70 години германски Устав: Не нѐ абортирајте!
23 мај 2019Реклама
"Дауновиот синдром всушност е „кул“. Ние само сакаме да бидеме како сите други“, вели Натали Дедро.
Таа има 20 години и се бори за еднакви права за различно способни лица. Сѐ уште живее со своето семејство, но сон ѝ е да се исели и да живее независен живот. Со своето момче е заедно една година.
„Сакам сама да одлучам дали да основам свое семејство. И, ако останам бремена, тогаш сакам самата да одлучувам што ќе јадам, а не да бидам контролирана цело време и да се носат одлуки за мене“, вели уверено таа.
Како Натали се бори за еднакви права на лицата со хендикеп и што ѝ рече на канцеларката Ангела Меркел, во видеото: