61 годишница од Хирошима
6 август 2006Околу 45000 луѓе присуствуваа на молитвата која се одржа во 08,15 минути времето кога една бомба уби 140 000 луѓе, а илјадници завршија со тешки изгореници или канцерогени болести. Меѓу пристутните имаше и неколку преживеани лица кои се сега постари луѓе на 70 или 80 години и кои дојдоа во меморијалниот центар со своите внучиња да им оддадат почит на жртвите.
„Шеесет и една година подоцна, бројот на нациите обземени од злото кои произведуваат нуклеарно оружје се зголемува“, предупреди во својот говор градоначалникот на Хирошима Тадатоши Акиба и додаде дека преживеаните со години го повторуваат барањето за престанок на развивање на нуклеарното вооружување. „Но никој од политичките лидери не ги слуша“, огорчено констатураше Акиба.
По бомбата која на 6 август ја исфрлија Американците над Хорошима, на 9 август беше исфрлена уште една таква над Нагасаки, што однесе уште 70 000 животи. По тоа Јапонија се предаде на 15 август и се стави крај на Втората Светска војна.