1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

50 години Бундеслига

Ф. Лукајт / З.Јордановски23 август 2012

Германскиот фудбал годинава има причина за славје. На 28 јули 1962 година во Дортмунд беше формирана Бундеслигата, најсилното фудбалско натпреварување во земјата. За многумина тоа беше раѓањето на професионалниот фудбал.

https://p.dw.com/p/15qV3
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во меѓувреме, Бундеслигата стана една од најсилните национални лиги во Европа, а ги урива и рекордите во посетеност на натпреварите.

Ото Рехагел е сведок на историјата на Бундеслигата: учествуваше во неа од самиот почеток, прво како играч, а потоа и како тренер. Основањето на лигата одамна беше повеќе од неопходно - другите европски фудбалски нации како Англија, Шпанија или Италија од поодамна имаа професионална лига. Но, во меѓувреме, Бундеслигата ги надмина сите нив - барем што се однесува до посетеноста.

Berlins neuer Trainer Otto Rehhagel
Ото РехагелФотографија: dapd

„Бундеслигата беше атрактивна уште од првиот ден и стануваше се’ поатрактивна, се’ до денес. Погледнете само дека кој сака денес во Дортмунд да добие влезница, мора да се пријави многу рано“, вели Рехагел.

И не е само кај шампионот Борусија Дортмунд така. Минатата сезона за првпат просекот надмина 44 илјади гледачи по натпревар.

„Ова е денес една успешна приказна и таа продолжува, оти на крајот од минатата сезона имавме просек од 44.293 гледачи по натпревар. Тоа е сензационално“, смета претседателот на Лигата, Рајнхард Раубал.

Fußball Bilanz PK 10 Jahre Leistungszentren Reinhard Rauball
Рајнхард РаубалФотографија: DW

Јубилејната сезона започнува на 24 август со натпреварот Борусија Дортмунд против Вердер Бремен - токму истата двојка како и на првиот натпревар пред 50 години.