5Г: Авиокомпаниите во САД предупредуваат од хаос во авиосообраќајот | Економија | DW | 18.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

5Г: Авиокомпаниите во САД предупредуваат од хаос во авиосообраќајот

Американските патнички и транспортни авиокомпании предупредија од „катастрофална криза“ во авионската бранша и бараат ограничување на 5Г безжичната мрежа во близина на аеродромите.

Планираното вклучување за утре на т.н. 5G- C-Band безжична технологија би можело во САД да „онеспособи“ бројни авиони и да предизвика стотици илјади Американци во странство да останат заглавени на аеродромите, со што би настанал хаос, се вели во соопштението што вчера го објавија повеќе концерни, меѓу кои и Американ Ерлајнс, Делта Ерлајнс, Јунајтед Ерлајнс.

Гледај видео 01:19

6Г мрежата доаѓа

Во меѓувреме некои авионски компании размислуваат и околу сторнирање на одделни меѓународни летови. Истовремено, веќе засилено се работи на изнаоѓање можни решенија, за да се избегне доцнење на авионите или откажување летови. Американската федерална управа за авијација уште претходно предупреди од евентуални влијанија кои безжичната мрежа 5Г може да ги има врз сензитивната авионска електроника, како што се висинометрите.

Авиокомпаниите бараат да се имплементира насекаде во земјата, освен на приближно 2 милји (3,2 км) од аеродромските писти на клучни аеродроми.

Двата водечки американски мобилни оператори AT&T и Verizon се согласија на создавање тампон зона околу 50 аеродроми заради намалување на ризиците, како и на натамошни чекори во следните шест месеци.