400.000 предвремени смртни случаи поради загаден воздух во Европа | Панорама | DW | 16.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

400.000 предвремени смртни случаи поради загаден воздух во Европа

Без оглед на подобрувањето на квалитетот на воздухот во Европа, и натаму стотици илјади луѓе доживуваат предвремена смрт поради загаден воздух.

Европската агенција за екологија ЕЕА во Копенхаген соопшти дека во 2016 година околу 400.000 луѓе во  Европапочинале предвремено поради вдишување ситна прашина, азотен оксид и други штетни гасови. Жителите од речиси сите градови во Европа се изложени на воздух кој е загаден над дозволените граници според критериумите на Светската здравствена организација. ЕЕА констатира дека со право граѓаните бараат поздрав воздух во градовите заради заштита на своето и здравјето на своите деца. „Време е за воведување промени во областа на енергијата, прехранбените производи и транспортот“, истакна директорот на ЕЕА, Ханс Бруникс при презентирањето на извештајот на квалиттеот на воздухот во Европа.

 

Реклама