40 загинати во судири во Либан | Вести | DW | 21.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

40 загинати во судири во Либан

Во тешките судири во градот Триполи во северен Либан меѓу безбедносните сили и исламиските екстремисти загинаа најмалку 40 лица . Според последните извештаи либанските сили за безбедност ја контролираат ситуацијата во градот по 12 часовните борби. Судирите избија откако полицијата изврши потрага по осомничени ограбувачи на банка во еден логор со палестински бегалци.