40 години од смртта на Че Гевара
9 октомври 2007Реклама
Во Куба започна церемонијата на одбележување на 40 годишнината од смртта на револуционерниот водач Ле Гевара. Вршителот на должноста претседател, Раул Кастро, го означи почетокот на централната манифестација во градот Санта Клара. Од ова место во 1958 година комунистите под водство на Гевара ја започнаа борбата против силите на диктаторот Фуленсио Батиста. Гевара беше убиен на 9 октомври 1967 година во Боливија.