1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

30 години без Џон Ленон

8 декември 2010

Три децении по неговата смрт, Џон Ленон останува легенда чија музика и апели за мир во светот инспирираа генерации на уметници и обожуватели.

https://p.dw.com/p/QTHP
Џон ЛенонФотографија: AP

Поранешниот член на легендарните Битлси почина на 8 декември 1980 година, откако беше застрелан четирипати од зад грб од Марк Дејвид Чепмен во близина на неговиот стан во Њујорк. Чепмен беше осуден на доживотен затвор, а неговото барање за помилување досега шест пати беше одбивано.

Ленон стана вечна легенда на која и се посветени филмови, биографии, изложби што од него прават симбол на едно време.

Тој беше истакнат мировен активист, оженет со јапонската уметничка Јоко Оно и татко на едно дете.

Да беше жив, Ленон денеска ќе имаше 70 години. Со неговата смрт, умреа и надежите на милиони фанови ширум светот дека некогаш повторно ќе ги видат Битлси заедно.

Flash-Galerie John Lennon
БитлсиФотографија: picture alliance/dpa

Автор:БГ/СН/ртре/макфакс

Редактор: Симе Недевски