1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

30 загинати во самоубиствени напади во Пакистан

24 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CSeZ

Во два самоубиствени напада врз силите за безбедност во Пакистан според армиски извори загинале 30 лица, а повеќе се повредени. Нападите биле извршени во градот Равалпинди. Едниот атентатор се дигнал во воздух во близина на контролен пункт пред командата на армијата. Вториот напад бил извршен со автомобил бомба чија цел бил автобус кој превезувал вработени во разузнавачка служба.