29 мртви во налетот на Орканот „Кирил„ | Теми на денот | DW | 19.01.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми на денот

29 мртви во налетот на Орканот „Кирил„

29 загинати, десетици повредени и милионски штети, е црниот епилог од налетот на Орканот Кирил врз Германија и делови на Европа. Утрово во Германија може да се каже дека времето е помирно, по синоќешниот голем дожд и силен ветар кој во делови на земјата достигна 200 километри на час.

default

40.000 припадници на спасувачките екипи во текот на ноќта и изутринава низ Германија се справуваат со последиците од орканот Кирил кој според последните информации низ земјата однесе во смрт десет лица. Од вчера попладне целосно беше парализиран железничкиот сообраќај, запрен е ферибридскиот сообраќај во северното и балтичкото море, откажани се голем број летови.

Силните врнежи кои во делови на земјата изнесуваа 70 литри на метар квадратен поплавија повеќе населени места.

Пожарникарските служби во Берлин прогласија вонредна состојба, каде повеќе улици низ гхрадот се поплавени. Службите во текот на ноќта и утринава се во акција на расчистување на дрвата од патиштатат кои предизвикаа големи проблеми во сообраќајот.

Стотици патници кои едноставно останаа заглавени во возовите кои запреа, мораа да бараат алтернативни решенија за да се вратат во своите домови. Иако се најавуваше дека железничкиот сообраќај е нормализиран и утрово повеќе возови се откажани.

Државната железничка компанија прави напори за нормализирање на сообраќајот во утринските часови, за луѓето да можат нормално да патуваат кон своите работни места. Шефот на Дојче Бан Хартмут Медорн изјави:

“ Нашите постари колeги, кои веќе подолго време работат во железницата велат дека во последниве 20 години вакво нешто не доживеале. Големото невреме ги зафати сите делови на Германија од север до југот на земјата. Сега треба да сочекаме да видиме, но најверојатно невремето не предизвика големи штети“

Орканот Кирил предизвика големи проблеми и во Велика Британија, Холандија, Франција, Полска и Чешка од каде се јавува за десетици загинати. Во јужните делови на Британија и Чешка има проблеми со снабдувањето на електричната енергија.

Реклама